Македонија
10. December 2019 - 10:34

Уапсени двајца косовски државјани за тешка кражба во Скопје

Ноќеска во 01.45 часот пред спортски центар на ул.„Лондонска“, од страна на полициски службеници од СВР Скопје биле лишени од слобода Д.Н.(30) и Е.Н.(25), двајцата од Косово,  поради постоење на основано сомнение за извршено кривично дело „тешка кражба“, незаконско преминување на државната граница и поради тоа што не носеле документи за идентификација.

Тие биле сместени во Прифатен центар за странци - Скопје за понатамошна постапка.