Уапсени бугарски државјани кои со „БМВ“ ги скршиле граничните рампи и нелегално влегле во Македонија
На 10.03.2021 околу 03.00 часот во с.Жидилово, кривопаланечко, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин „Деве Баир“ ги лишиле од слобода Г.Г.Х.(51) и Р.С.Г.(45), двајцата од Република Бугарија, поради тоа што околу 01.20 часот на Граничен премин „Деве Баир“ нелегално ја преминале државната граница. Во наведеното време, тие со патничко возило „бмв“ со бугарски национални ознаки, кое го управувал Р.С.Г., не застанале за пасошка контрола и гранични проверки и со возилото удриле во спуштените рампи, ги скршиле и влегле во Република Северна Македонија.
Според информацијата од пограничните служби на Република Бугарија, лицата со возилото оствариле излез од Република Бугарија, исто така, без да застанат за гранични проверки. По преземени мерки лицата и возилото биле пронајдени и лицата се лишени од слобода. Подоцна, тие биле предадени на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
Се скарале па го турнал по скали
-
Маж пронајден починат на паркинг во Центар, телото предадено на обдукција
-
Почина работник откако врз него паднал бетонски столб
-
Со скалпел го исекол на вратот и увото, обид за убиство на малолетник во тетовско
-
Вучевиќ: Во септември 2025 година првата класа на Војската на Србија од редовниот регрутен состав
-
Телото на Хасан Насрала е пронајдено, соопштија лекар и припадник на безбедносните сили
-
Во Кичево приведен бегалец од затвор, спроведен е за доиздржување на казната
-
МЗТ Скопје по седми пат го освои Суперкупот