Македонија
28. April 2018 - 17:38

Уапсени браќа кои одгледувале марихуана, за Сител тврдат дека било за медицински цели

Софистицирана лабораторија за одгледување марихуана во скопското село Морани откри полицијата. Браќа на возраст од 25 и 28 години, сопствената викенд куќа ја претвориле во оранжерија. Две простории ги обложиле со најлон, поставиле системи за наводнување, венталиција и навлажнување на воздухот, греење со светилки - опрема со која планирале да одгледаат над 200 стебла канабис. Според снимките од полицијата, сите растенија имаат различна големина што сведочи дека лабораторијата подолго време се користела за одгледување марихуана. Процесот го прекинала полицијата пред три дена – по наредба на скопскиот кривичен суд е направен претрес на викенд куќата при што се откриени 202 саксии со канабис. По наредба на судија во претходна постапка, полицијата го претресла и домот на двајцата браќа во скопски аеродром каде исто така имало опрема за одгледување марихуна. Претресот продолжил во подрумските простории каде во патна торба биле пронајдени осум пакувања со марихуана во вкупна тежина од шест и пол килограми. Од полицијата велат дека дрогата требало да заврши на скопскиот нарко пазар.

Еден од приведените Ѓорѓи керамитџиев кој е во домашен притвор пред камерата на сител потврди дека плантажата со марихуана е негова но негира дека од  неа профитирал. Ги отфрла обвинувањата на полицијата според кои дрогата која ја произведувал била наменета за скопскиот нарко пазар, вели марихуната ја користев за производство на масло од канабис за здравствените проблеми кои ги имал.

Реагираше и мајката на Ѓорѓи Керамитџиов која не сакаше да говори пред камерата на Сител. Вели дека викенд куќата во која била сместена лабораторијата не ја посетила повеќе од три години и дека таа единствено ја користел нејзиниот син. Побара целиот случај да не се поврзува со нејзината политичка активност во СДСМ.

Инаку од полицијата велат дека двајцата браќа од порано се познати како сторители на други кривични дела. Токму таквото однесување и сознанијата дека тие се занимаваат со продажба на марихуна ја навело полицијата да го претресе домот на младите скопјани.