Балкан
18. February 2017 - 11:14

Уапсени 26 лица поради вчерашниот бомбашки напад во југоисточниот дел на Турција

Турски официјални претставници соопштија денеска дека се уапсени 26 лица, кои се поврзани со експлозијата на автомобилот-бомба во југоисточниот дел на Турција, во градот Вираншехир, во близина на границата со Сирија.

Во вчерашната експлозија во близина на зграда каде што се наоѓаат обвинители, загинало едно дете и еден припадник на обезбедување, а 17 лица се повредени.

- Уапсени се 26 лица, меѓу кои и сопственикот на автомобилот, кој е употребен како експлозивна направа, се наведува во соопштението.

Засега никој нема преземено одговорност за нападот, но гувернерот на провинцијата Шанлијурфа, во која се наоѓа тој град, за инцидентот ги обвини припадниците на Курдската работничка партија (ПКК).