Уапсени 102 лица на демонстрациите на „жолтите елеци“ во Париз
Мобилизацијата на „жолтите елеци“ во Франција е поголема од претходната сабота, се до 17.30 часот, протестите се одвиваат во многу помирен амбиент и покрај присутните тензии со силите на редот, јавува дописникот на МИА.
Според полицијата во Париз уапсени се 102 лица, а на 74 им е изречена мерка притвор, по полициските контроли. Министерството за внатрешни работи процени дека на демонстрациите зеле учество до 15.00 часот 32.000 „жолти елеци“, од кои 8.000 во Париз.
Овие бројки е тешко да се проверат, бидејќи нема независни извори. Според телевизијата „Франс Инфо“ денеска биле мобилизирани околу 50.000 лица. Се проценува дека во Бордо беа околу 6.000, во Тулуз 5.000, исто толку во Бурж, каде на крајот од демонстрациите имаше судири со силите на редот, а кога започнаа да подигаат барикади, беа уапсени 17 лица.
Во Ним беа меѓу 700 и 1.000 демонстранти кои се обидоа на крајот од протестот да влезат во префектурата но беа одбиени од полициските сили, по што подигнаа барикади со бариери од градилиштата и бетонски блокови. Во Руан каде демонстрираа 2.500 лица, беа нападнати новинарски екипи. „
Жолтите елеци“ во текот на овие двомесечни протести, редовно ги напаѓаат новинарите, обвинувајќи ги „дека се блиски до власта и дека не ја кажуваат вистината.“.
Деветиот чин на „жолтите елеци“ помина со зголемена мобилизиација, но и со помалку насилнички испади и судири со силите на редот.
Ново на Сител
-
Трет ден потрага по Данка, проверка на базните станици и телефоните на родителите
-
Хрватска: Наполитанки Кит Кат повлечени од пазарот
-
Две лица се приведени за убиството на лекарот во Железара
-
Се финализираат коалициите пред почетокот на кампањата за претседател следната недела
-
Во Собранието последна нова седница во овој парламентарен состав
-
Путин: Во Европа го плашат народот дека ќе ги нападнеме, сакаат да им ги земат парите
-
Четворица убиени, петмина избодени во напад во Илиноис
-
Руските сили гранатираа 17 населени места во областа Херсон, две лица загинаа