Македонија
10. October 2018 - 11:02

Уапсенa скопjанка, полицијата во нејзиниот стан пронајде поголемо количество дрога

Вчера Секторот за внатрешни работи Скопје - Единица за недозволена трговија – Одделение за недозволена трговија со дрога, со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство - Скопје го предаде лицето М. Р. (30), поради постоење на основи на сомнение дека сторила кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик на РМ.

На 8.овој месец на ул.Мите Богоевски во Скопје при извршен претрес кај М.Р. пронајдени и одземени се 39,7 мл хашиш-смола, 12 мл хашиш- масло, семки од канабис, околу 40 грама марихуана помешана со тутун, т.н. „тејзер“, односно тип на оружје кое спаѓа во групата на  електрични парализатори, дигитални ваги, шприцеви и други предмети.

За ова лице се водат и други кривични постапки за истото кривично дело.