Балкан
13. јуни 2017 - 10:11

Уапсена пратеничка од прокурдска партија во Турција

Пратеничка од прокурдската Демократска партија на народите е уапсена во југоисточниот дел на земјата, јави ДПА.

Первин Булдан, која е заменик-претседател на Парламентот е уапсена во Дијарбекир под обвинение за членство во терористичка организација. 

Демократската партија на народите е обвинета за врски со курдските бунтовници и голем број нејзини членови се уапсени, при што десетмина од нив се уште се во затвор.