-->
-->
Уапсен висок функционер во МВР близок до Оливер Спасовски
-->
Висок функционер во Министерството за внатрешни работи, исклучително близок до Министерот Оливер Спасовски попладнево е приведен под сомение за поткуп, неофицијално дознава Press24 од добро упатени полициски извори.
Извор вели дека станува збор за лицето Д.С. кој извршувал исклучително високи функции во полицијата. Тој бил приведен во полициската станица Кисела Вода. Според неофицијалните информации делото кое му се става на товар е злоупотреба на службената положба и овластувања.
Се уште нема информации на кој начин било откриено евентуалното кривично дело.
Приведениот важел за човек од доверба на Спасовски, а имал функција и во техничката влада. Од МВР се уште нема ниту потврда ниту демант на оваа информација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Првичните неофицијални резултати ДИК ќе ги соопшти околу полноќ
-
Дачиќ: Потезите на Словенија ги нарушуваат односите
-
Најголема излезност во Карпош: Пресек на излезеноста во скопските општини до 17 часот
-
Во Општина Тетово до 17 часот гласале 34.466 луѓе или 40,53 отсто од вкупниот број гласачи
-
Хамас објави видео од израелско-американски заложник
-
Русија и Украина договорија размена на деца одвоени од своите семејства
-
Даштевски: Има прекин на 3 места во Куманово
-
Излезноста до 17 часот е 44,18 отсто