Свет
17. April 2017 - 20:43

Уапсен уште еден осомничен за нападот во метрото во Санкт Петербург

Руските сили за безбедност ги испитуваат Аброр Азимов, новиот осомничен за нападот на метро станицата во Санкт Петербург, изјави денеска неименуван извор близок до истрагата.

Азимов е деветтото лице кое е уапсено под сомнение дека било во врска со Акбарџон Џалилилов кога руската полиција го сомничи за нападот во метрото во Санкт Петербург.

Агенцијата ТАСС соопшти дека припадниците на руската Федерална служба за безбедност уапсиле еден од организаторите на нападот, Аброр Азимов, роден 1990 година во московскиот регион Одинцово, кој бил обучуван од Акбарџон Џалилов.

Џалилов (22) кој е од Киргистан се разнесе на 3.април во возот меѓу две станици, усмртувајќи 13 и ранувајќи десетици луѓе.