Свет
23. April 2018 - 22:45

Уапсен убиецот од Нешвил

Полицијата во Нешвил соопшти денеска дека го уиапсила 29-годишниот Трејвис Рејнкинг, обвинет за убиство на четири лица во Нешвил, во американската држава Тенеси.

Осомничениот е уапсен денеска попладне по локално време, а неколку часа претходно полицијата соопшти дека се сомнева оти тој се крие во шума.

Рејнкинг во неделата изутрина, во продавница за пециво, без облека на себе, од огнено оружје уби четири лица, а потоа трчајќи побегна.