Loading Video...
Свет
5. July 2022 - 17:00

Уапсен стрелецот кој со пушка од покрив уби и рани 36 лица на парада во САД

Американската полиција извести дека го упасила 22 гoдишниот Роберт Кримо, осомничениот за вчерашното пукање во предградие на Чикаго, при што беа убиени 6 а ранети 36 лица. 

Пукањето се случило десетина минути по почетокот на парадата во Хајланд Парк по повод 4 јули,  Денот на независноста на САД.

Напаѓачот од покривот на зграда отворил оган кон насобрните луѓе.

Полицијата го окарактеризира нападот како намерен.