Македонија
19. November 2020 - 11:03

Уапсен сопственик на угостителски објект во Групчин кој работел по дозволеното време

Вчера околу 23.15 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода А.Ш.(21) од тетовски Групчин, сопственик на угостителски објект, лоциран на регионалниот пат Тетово-Скопје, во Групчин, кој бил отворен по дозволеното време и во кој престојувале 9 лица гости, стои во соопштението од МВР.

Тој е задржан во полициска станица за расчистување и документирање на случајот и ќе му биде изготвен соодветен поднесок, а неговиот објект бил затворен од Државен пазарен инспекторат.

 

Ново на Сител