Македонија
25. February 2020 - 14:59

Уапсен скопјанец за семејно насилство и напад на полициски службеници

Вчера во 23.20 часот на ул.„Лука Геров“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ј.(67) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија, постапувале по пријава на неговата сопруга С.Ј.(58) дека извршил семејно насилство во семејниот дом. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.