Македонија
6. April 2019 - 18:39

Уапсен скопјанец - ограбил малолетник и спoртска обложувалница

СВР Скопје до надлежното ОЈО ќе поднесе кривична пријава против лицето Х.И. (30) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека е сторител на две кривични дела  „разбојничка кражба“ и „тешка кражба“.

Првото кривично дело „разбојничка кражба“, соопшти денеска МВР, Х.И. ја извршил на 29.12.2018 година над малолетно лице на ул. „Димитрие Чуповски“ во Скопје, кое физички го нападнал и му одземал мобилен телефон.

Второто кривично дело го извршил на 11.јануари годинава во спортска обложувалница во Скопје од каде одземал пари. Х.И. бил приведен во Полициската станица Бит Пазар и во присуство на надлежен јавен обвинител од страна на оштетените било извршено препознавање.