Македонија
2. April 2020 - 10:46

Уапсен скопјанец на Бит пазар кај кој било пронајдено ладно оружје, нож

Како што информираше МВР, во текот на вчерашниот ден полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Бит пазар, при извршен преглед кај Е.А.(31) од Скопје, пронашле нож на расклопување и радио станица. Тој бил приведен поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци