Македонија
14. January 2020 - 11:01

Уапсен скопјанец на автопатот Гостивар- Тетово

Вчера  околу 19.00 часот кај наплатна рампа Гостивар, на автопат Гостивар - Тетово, од слобода бил лишен Д.Ј.(30) од Скопје, затоа што при претрес во неговото патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, полициски службеници пронашле и одзеле канабис и пари. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициска станица Гостивар за понатамошна постапка.