Македонија
15. February 2021 - 16:39

Уапсен скопјанец кој што физички ја нападнал неговата мајка

На 14.02.2021 во 21.10 во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода А.Ц. од Скопје, затоа што физички ја нападнал неговата мајка, а се обидел и со остар предмет да нападне полициски службеници кои вршеле службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.