Свет
9. May 2017 - 12:52

Уапсен сериски убиец од Феникс

Американската полиција уапси маж познат како „сериски уличен убиец“, кој се поврзува со убиство на девет лица и уште десет престрелки во Феникс во 2015 и 2016 година.

- Арон Хуан Сауседо (23) се соочува со 26 обвиненија за убиство, нанесување на тешки телесни повреди и пукање од автомобил. Тој напаѓаше ноќе, а негови жртви беа луѓето кои беа на улица или во своите автомобили. Тој врз нив пукаше од пиштол, изјави шефот на полицијата во Феникс, Џери Вилијамс.

Истрагата за сериските убиства во Феникс беше фокусирана на седум пукања со смртен исход, но полицијата денеска соопшти дека Сауседо се поврзува со вкупно девет убиства.

Осум од жртвите биле случајно избрани, додека уште една жртва напаѓачот ја познавал.

Поголемиот број на убиства се случиле во периодот од август 2015 до јули 2016 година.