Уапсен поранешниот министер за одбрана на Црна Гора

Поранешниот министер за одбрана на Црна Гора и поранешен пратеник на Демократската партија на социјалистите, Предраг Бошковиќ, утрово е уапсен по наредба на Специјалното државно обвинителство, како дел од истрагата против криминална група организирана од бизнисменот Александар Мијајловиќ, соопшти обвинителството.
Со одлука на истражен судија, бизнисменот Александар Мијајловиќ и поранешниот полицаец Драго Спичановиќ се притворени до 30 дена, патните документи на обвинителката Андријана Настиќ се конфискувани, а на полицаецот Владан Лазовиќ и поранешниот полициски службеник Милован Павиќевиќ им е изречена мера задржување во стан. Ова за порталот RTCG го соопшти советникот за односи со јавност на Високиот суд, Ивана Вукмировиќ
Неофицијално, тие се товарат за работа против безбедносниот систем и создавање криминална организација.
Специјалното државно обвинителство сè уште не се огласило во врска со ова прашање.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сашо Топаловски, началник на СВР Скопје
-

За разговори меѓу Скопје и Софија ќе се чекаат подобри времиња
-

Брза помош Скопје - Помалку сообраќајки со тешки последици, зголемен број на мозочни удари
-

Кои се пропустите на угостителските објекти: Засилени теренски контроли на МВР и инспекциските служби
-

Ако Уставниот суд ги укине блок тарифите, неминовно ќе биде поскапување на струјата, велат експертите
-

Пораки за сплотеност и единство - Македонија го чествува денот на Св. Климент Охридски
-

Охрид го слави заштитникот на градот
-

По ковид пандемијата, „Eпидемија“ на семејно насилство во Mакедонија
