Балкан
11. December 2018 - 11:14

Уапсен поранешен заменик-градоначалник, полово вознемирувал малолетничка

Припадници на српското Министерство за внатрешни работи во Бор, по налог на Основното јавно обвинителство денеска го уапсија Б.П. (1959) поради постоење сомневање дека извршил кривично дело полово вознемирување.

Осомничениот се терети дека со своето однесување полово вознемирил 15-годишна малолетничка со која се сретнал по нејзин повик по што таа, како што се сомнева, со мобилен телефон направила три фотографии со недолична содржина. По одобрување на надлежното обвинителство, на осомничениот му е одреден притвор до 48 часа по што, со кривична пријава, ќе биде изведен пред обвинител, соопшти Полициската управа Бор.  Во српските медиуми минатата недела се појавија фотографии на социјални мрежи на кои заменик-градоначалникот на Бор, Бранко Периќ се бакнува и гали со девојче од 15 години.

Тој потоа поднесе оставка.

Фотографиите брзо потоа биле отстранети од социјалните мрежи, но во меѓувреме ги виделе и зачувале голем број корисници на Фејсбук. Во целиот случај набргу се вмеша и полицијата.