Свет
29. October 2019 - 8:20

Уапсен осомничениот за убиството на двете лица на забава во Гринвил, во Тексас

Полицијата од округот Хант, во Тексас, соопшти дека е уапсено машко лице, кое е осомничено дека извршило напад и убило две лица, а ранило други 12, во текот на пукањето на една студентска забава во местото Гринвил, во оваа сојузна американска држава.

Американските медиуми го цитираат шерифот на округот Хант, Ренди Микс, кој изјави дека е уапсен 23-годишниот Брендон Реј Гонзалез, кого го сомничат за тешкото убиство.

Локалните власти претходно соопштија дека напаѓачот најверојатно пукал по само едно лице на забавата, на која имало околу 750 лица, а се случувала на околу 24 километри од универзитетскиот кампус во градот Гринвил.

До пукањето дојде во саботата околу полноќ по локално време кога напаѓачот влегол на задниот влез од објектот во кој била организирана забавата и почнал да пука од пиштол, по што, според наводите на локалните власти, во објектот настанал целосне хаос.

Меѓу 12-те повредени, шест лица најверојатно се здобиле со повреди или од настанатата мешаница или од искрешните стакла.