Свет
9. April 2021 - 9:08

Уапсен осомничениот за убиството на британскиот мултимилионер Сатон

Еден од најбогатите Британци, Сер Ричард Лексингтон Сатон (83) е пронајден мртов во својот дом во округот Дорсет со убодни рани по телото. Неговата сопруга е пронајдена повредена и лекарите се борат за нејзиниот живот, јавија британските медиуми.

Убиството се случило во средата навечер, а како што јавува утрово „Сан“, неколку часа подоцна, полицијата почнала операција по која вчера е уапсен 34-годишен маж, осомничен за нападот. Полицијата потврди дека тој ги познавал жртвите, додека според сознанијата на „Сан“ тој живеел во куќата, заедно со нападната двојка. Тој е одведен во болница со повреди кои не се животно загрозувачки.

Сатон беше убиен во својата куќа на имот вреден околу 2,5 милиони евра, а неговото богатство се проценува на околу 335 милиони евра.