Македонија
27. April 2016 - 15:22

Уапсен осомничен за седум кражби во тетовско и гостиварско

Дваесет и четири годишниот Е.А од Тетово е осомничен како сторител на седум тешки кражби што биле извршени од 25 март до 10 овој месец во куќи на тетовското и поширокото гостиварско подрачје, информира денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според Јосифовски,  Е.А и претходно повеќепати  бил пријавуван за вакви кривични дела. Против него, како што рече, наскоро ќе биде изготвен соодветен поднесок за овие седум тешки кражби.

- Осомничениот Е.А. кој  инаку „оперирал“ сам  од куќите во кои претходно насилно влегувал  со провалување на влезните врати или прозорците, најчесто одземал пари, технички производи, апарати за домаќинство и друго. Дел од одземените предмети се пронајдени и вратени им се на нивните сопственици додека останатите дополнително ќе им се вратат откако ќе се заокружат сите поединости поврзани со кражбите, рече Јосифовски.