Македонија
18. September 2021 - 11:28

Уапсен организаторот на вчерашниот протест во Тетово | ВИДЕО

Полицијата го приведе организаторот на вчерашниот протест во Тетово, Блерим Ахмеди.

Видео од апсењето на Ахмеди објави Телвизија 21.

Како што изјави неговиот адвокат за ТВ21, неговиот клиент се сомничи за кривично дело за кое е придвидена казна затвор од една до три години.

Инаку, граѓаните кои вчера попладнево мирно протестираа во Тетово, како поддршка за починатите кои загинаа при пожарот во модуларната болница во Тетово, влегоа во конфликт со полицијата. Тие се упатиле кон седиштето на ДУИ во Мала Речица, но таму им е забранет пристапот.

Групата граѓани почнала да фрла со јајца и со камења кон општинската зграда и притоа дојде до судир и со припадниците на МВР.