Уапсен наркодилер од Велес, еве што пронајде полицијата кај него
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ во координација и соработка со Одделот за криминалистичка полиција и Секторот за внатрешни работи – Битола реализираше случај на откривање на недозволена трговија со марихуана.
На 6. овој месец, по претходно обезбедени оперативни сознанија на влезот во Битола сопрено е патничко моторно возило “Мазда“ со велешки регистерски таблички, управувано од Д.Д. (38) од Велес, и при извршениот преглед во возилото пронајдена е марихуана, како и три полиетиленски пакувања со бела прашкаста материја.
Одземените дрога е предадена на ОКТИВ при МВР за вештачење. Покрај ова, вчера по издадена наредба од судија на претходна постапка при Основен суд Велес, беше извршен и претрес во дом и други простории кај Д.Д., при што пронајдена и одземена е марихуана.
Против Д.Д., кој е лишен од слобода од СВР Битола до Основно јавно обвинителство Битола ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за за сторено кривично дело - “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 од КЗ на РСМ.
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош
-
Пасоши на воено способните Украинци ќе се издаваат само во земјата
-
Столтенберг во дводневна посета на Германија
-
Сообраќајот тековно, по наместа влажни коловози
-
Променливо облачно со повремен дожд