-->
-->
Уапсен началникот на Клиниката за анестезија во Бања Лука - блудничел над анестезиран пациент
-->
Докторот Дарко Голиќ, началник на Клиниката за анестезија и интензивно лекување при Ургентниот клинички центар во Бања Лука, е уапсен под сомнение дека блудничел над немоќен пациен на своето работно место. Иако првично се појави информација дека обљубата е извршена врз малолетно лице, набрзо е утврдено дека станува збор за маж на 36-годишна возраст, татко на две деца, кој бил сместен на лекување во клиниката во Бања Лука, пренсуваат српските медиуми.
Монстуозниот чин се случил вчера во просториите на Клиничкиот центар кога началникот Голиќ отишол кај пациентот. Случајот го пријавиле медицинските сестри кои го затекнале Голиќ како сексуално го вознемирува несреќниот маж.
Раководството на УКЦ во РС за овиј скандал дознало од дежурните служби дека докторот Голиќ неетички се однесувал кон пациентот. Одма случајот го пријавивме во полиција и побаравме да се испита целосно, бидејќи целта ни е сите наши пациенти да бидата заштитени, изјавил доктор Владо Џаиќ кој потенцирал дека пациентите за нив се на прво место и оти е покрената дисциплинска постапка против осомничениот Голиќ кој е и суспендиран од работното место.
Директорот на полицијата во Република Српска Дарко Чулум потврдил дека е во тек истражна постапка и не може да соопшти повеќе детали. Против приведениот доктор ќе бидат преземени сите законски мерки.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година
-
Папата Франциск за конфликтите во Украина и Газа: Договорен мир е подобар од бескрајна војна
-
Барселона го одврати Чави од заминување, нов договор до 2025-та
-
Уште еден гигант тргнува по ѕвездата на Манчестер Сити