Свет
29. March 2016 - 22:09

Уапсен менаџерот на кампањата на Трамп

Кори Левандовски, менаџер на кампањата на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп е уапсен денеска на Флорида.

Според соопштение на полицијата, Левандовски е обвинет дека намерно и зграбил рака на поранешната новинарка на конзервативната медиумска куќа Брајбарт, Мишел Филдс, нанесувајќи и модринка.

Инцидентот се случил за време на предизборен митинг на Трамп на 8 март.

– Левандовски е апсолутно невин за тие обвинувања, наведе Трамп и додаде дека менаџерот на неговата кампања е „целосно уверен дека ќе биде ослободен“.