Свет
30. December 2016 - 18:01

Уапсен маж - убил две лица и планирал напад со украден камион

 
Украинската полиција уапси денеска маж обвинет за убиство на две лица, за кој има сомение дека планирал напад со камион, сличен на оние кои беа изведени во Берлин и Ница.
 
Тој прво убил една жена и нејзината ќерка во село во регионот Одеса, а потоа потпалил две куќи и побегнал со украден камион. 
 
Се криел во напуштена куќа се додека полицијата не го пронашла. 
 
Врз основа на информациите добиени од пријател на осомничениот, полицијата заклучила оти убиецот планирал да влета во голема маса на народ со камионот. 
 
Алоњаљ Војтенко, портпаролката на полицијата во Одеса истакна дека уапсениот се заканувал со напад велејќи „Одеса ќе плаче“. 
 
При неодамнешниот напад со камион во Берлин убиени се 12 лица, а повредени беа 56, додека во сличен напад во Ница на 14 јули убиени се 86 лица, а повредени повеќе од 400. 
 
- Знаевме дека е вооружен и опасен, нагласи Војтенко.