Македонија
24. August 2020 - 10:42

Уапсен маж од Гостивар - при преглед пронајдено оружје без дозвола за поседување

Уапсен е 66-годишен маж од Гостивар откако при преглед полицијата во автомобил пронашла ловна пушка и 25 куршуми кои биле во негова сопственост и за кои немал документи. Како што стои во соопштението од МВР:

„На 22.08.2020 околу 20.50 часот во близина на место викано „Маздрачка каптажа“ полициски службеници затекнале патничко возило „уаз“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од З.И.(40) од Гостивар.

При преглед на возилото била пронајдена една ловна пушка и 25 куршуми со кал.16мм. Во разговор со совозачот Ј.Н.(66) од Гостивар, тој изјавил  предметите се негова сопственост и за нив не поседува документи.

Тој бил лишен од слобода, а пушката и куршумите биле одземени. 

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“.