Балкан
20. January 2016 - 14:25

Уапсен Кристијан Голубовиќ, полицијата го пронашла во кутија во Краљево

Кристијан Голубовиќ е уапсен во Краљево во еден од своите станови, против кој повеќе пати е донесена правосилна персуда.
 
Според Блиц, Голубовиќ е приведен на сослушување по налог на Јавоното обвинителство во Белград, со цел да се соберат информации во врска со заканите упатени кон Тамара Ѓуриќ.
 
- Таа е здрава и жива само затоа што наредив на сите оние кои ме сакаат дека не смеат да ја допрат, ниту пак ништо полошо од тоа иако си го заслужува тоа - напишал Голубовиќ.
 
По налог на обвинителството Кристијан Голубовиќ е донесен во просториите на полициската станица во Краљево поради испитување.
 
Адвокатот на Кристијан потврдил дека не е упасен за издржување на затворска казна.
 
- Неговата последна молба за одложување на извршувањето на затворската казна се обраборува и додека е во таа состојба тој не може да биде приведен за во затвор. За молбата ќе одлучи основниот суд кога Голубовиќ ќе ја достави комплетната здравствена документација - изјавил адвокатот.
 
Потсетуваме, против Кристијан Голубовиќ има правосилна пресуда за казна затвор, која неколку пати е одложувана поради здравствена состојба.