Македонија
27. October 2015 - 13:36

Уапсен фалсификатор од Прилеп

ПС Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Ц.(45) поради постоење основи на сомнение за сторени кривини дела „измама при добивање на кредит или друга погодност“ и „фалсификување или уништување деловни книги“, како и против правното лице ДППТУ „Теа Флора Евент“-Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама за добивање на кредит или друга погодност“. На 15.10.2014 година, истиот склучил договор за добивање неповратни средства од Програмата за самовработување помеѓу АВРМ и правното лице „Теа Флора Евент“ во која е управител во износ од 185.000 денари за набавка на опрема или материјали. Со подигањето на овие средства истиот се обврзал да ги користи наменски согласно бизнис планот, и да обезбедува копии од фактурите и испратниците со кои ги набавувал потребните материјали со тие средства, што истото не го сторил. Понатаму, во текот на 2014 година, правниот субјект склучил договор за дополнително вработување на невработено лице за што подигнал средства во висина од 92.000 денари од АВРМ за што поднел пријава за задолжително социјално осигурување на лицето кое и покрај тоа не било повикано да склучи договор за вработување ниту да отпочне со работа, со што го изгубило правото во рок од 12 месеци да користи средства од Агенцијата, а не можело да користи ни здравствено осигурување.