Македонија
7. July 2022 - 16:45

Уапсен еден од тројцата напаѓачи со пиштоли од вчерашниот инцидент кај Мавровка

Петмина приведени на синоќешниот протест против францускиот предлог во Скопје. Меѓу нив е и 40-годишниот Е.Ј. кој пукаше во воздух во инцидентот кој се случи кај споменикот на Скендербег. Полицијата се уште трага по уште двајца кои вчера извадија огнено оружје пред толпата која протестираше. 

„Само едно лице со пиштол е прведено?“

-Да

„А другите?“

-Другите две се идентификувани и службите работат со нив.

МВР ги подготвуваат кривичните и се очекува тие да бидат процесуирани до Јавното обвинителство, но засега не се знае каква мерка ќе биде побарана за лицата кои пукаа со огнено оружје.

А вчера приведен беше и 18-годишникот кој завчера фрли молотов коктел кон полицискиот кордон пред влезот на Собранието и за кој МВР јавно побара помош за негова идентификација.

За инцидентите завчера, пак, МВР приведе 15 лица, меѓу кои тројца се малолетни. За останатите 12 поднесени се кривични пријави за напад на службено лица.

Од нив, 7 добија куќен притвор, а еден притвор во траење од 8 дена. Судот нивните процедури ќе ги води по скратена постапка. Според информации на Сител, обвиненијата за оснататите четворица ќе одат по редовна постапка.