Свет
1. April 2018 - 13:18

Уапсен еден од најбогатите луѓе во Русија поради проневера на 35 милиони долари

Руските власти денеска го уапсија милијардерот Зијавудин Магомедов по обвинение за проневера на над 35 милиони долари за време на изградбата на стадионот во Калининград.

На првото појавување на суд, Магомедов ги негираше обвиненијата, но судот во Москва му одреди двомесечен притвор. 

Магомедов е сопственик на „Сума груп“ и се занимава со градежништво и логистика. 

Притвор исто така е одреден и за неговиот брат Магомед Магомедов и Артур Масидов, директорот на една од компаниите во рамките на „Сума груп“ што учествувала во изградбата на објектот за Светското фудбалско првенство во Калининград.