Уапсен Црногорец пред нападот во Париз, ја призна вината за шверц на оружје
Во тек е судењето на еден црногорски државјанин во Германија поради обвинение дека планирал со неговото возило до Париз да прошверцува калашникови и експлозиви, неколку дена пред минатогодишниот терористички напад во француската престолнина.
Имено, Вучелиќ В. (51) е уапсен за време на рутинска полициска контрола во Баварија на 5 ноември, една недела пред терористичкиот напад во Париз, во кој загинаа 130 лица, јави Танјуг.
Полицијата во неговиот „Фолксваген Голф“ пронашла осум калашникови, пиштоли, две рачни гранати и 200 грама ТНТ експлозив.
Обвинетиот, на почетокот на судењето во Минхен нагласи оти знаел дека во автомобилот превезува оружје, но дека не знаел за планираниот напад.
Како што се наведува во обвинението, на навигацискиот уред во неговиот автомобил полицијата нашла предвиден пат кој водел до адреса во Париз, а истата адреса пронајдена е во возилото запишана на ливче, како и телефонски броеви на лица во Франција.
Обвинителите сметаат дека Вучелиќ знаел за планираниот напад, иако не е пронајдена никаква директна врска меѓу него и терористите од Париз.
Предвидено е судењето да трае една недела, а доколку биде прогласен за виновен, минималната казна на која може да биде осуден е три години и девет месеци, соопштија од Судот во Минхен.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка