Уапсен член на криминалната група Беланоца во Арачиново
Четириесет и едногодишен скопјанец е лишен од слобода, откако полицијата при претрес во неговиот дом пронашла оружје и кокаин, соопшти МВР.
„Секторот за внатрешни работи Скопје до Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе кривична пријава против скопјанецот Абдула Садики 41 (на сликата од десно) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“, се наведува во соопштението.
На 11-ти овој месец врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други простории кај пријавениот А.С. и притоа биле пронајдени и одземени пиштол „CZ 100“ калибар 9мм, 10 куршуми калибар 9мм, 14 куршуми со калибар 7,62х39mm, кокаин, амфетамини и неколку предмети со остатоци од кокаин. Лицето било лишено од слобода и задржано во полициска станица
Ново на Сител
-
Протест на вработените во „Водовод“ - си ја бараат мартовската плата
-
Ракетен напад во Иран
-
Преглед на вестите од светот
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење