Македонија
25. November 2021 - 11:52

Уапсен Бугаринот кој автобуската несреќа ја нарече огнено шоу со македонска скара

Бугарското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во Софија е уапсен 24-годишен маж поради неговите коментари на Фејсбук за трагичната автобуска несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија во која загинаа 45 македонски граѓани.

Како што објави БТВ, мажот ќе подлежи на истрага за ширење омраза врз национална основа.

За вакви прекршоци законот предвидува казна затвор од една до 4 години и глоба од 2,5 илјади до 5 пет илјади евра, како и јавно извинување.