Македонија
30. January 2020 - 11:26

Уапсен арачиновец на автопатот Скопје - Тетово, бил вооружен до заби

Синоќа во 23.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје на регионалниот пат Скопје-Тетово го лишиле од слобода Н.Ѓ.(30) од с.Арачиново, скопско, затоа што при извршен преглед кај него бил пронајден пиштол „Сиг Сауер“ со две рамки и 15 куршуми.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.