Македонија
3. December 2021 - 12:04

Уапсен 69-годишен маж од Пирок - ја попречувал работата на геодет

Жител на тетовското село Пирок бил приведен од полицијата поради тоа што претходно попречувал 63 годишна жена која службено вршела геодетско мерење на имот во селото.

– Вчера во 11 часот и 15 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 69-годишниот М.И. од тетовски Пирок, кој се однесувал агресивно и ја спречувал 63-годишната Д.М. во извршување на службени дејствија околу геодетско мерење на имот во селото, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Тој бил задржан во полициска станица за расчистување и документирање на случајот.