Македонија
14. July 2020 - 16:16

Уапсен 61-годишен штипјанец кој физички ја нападнал сопругата

Вчера во штипската полиција син пријавил дека неговиот татко физички ја нападнал мајка му, нанесувајќи и повреди. Како што стои во соопштението од МВР:

„На 14.07.2020 во 00.50 часот во СВР Штип, С.П. пријавил дека неговиот татко Г.П.(61) во семејниот дом физички ја нападнал неговата 52-годишна мајка.

Од страна на полициски службеници Г.П. бил лишен од слобода.

Се работи на расчистување на случајот, по што против Г.П. ќе биде поднесен соодветен поднесок“.