Македонија
12. January 2020 - 15:28

Уапсен 55-годишен паланчанец, побегнал со 13-годишно девојче

Во петокот во 18,00 часот во СВР Куманово, 47-годишен маж од кумановско пријавил дека истиот ден околу 13,30 часот, неговата 13 годишна ќерка се оддалечила од својот дом со Ј.Р. (55) од Крива Паланка.

Во 20,00 часот од страна на полициски службеници од ПС-Крива Паланка, Ј.Р. и малолетничката се пронајдени во Крива Паланка и веднаш се известени нејзините родители. Ј.Р. е лишен од слобода и задржан во ПС ОН-Крива Паланка и се работи на расчистување на случајот.