Македонија
27. January 2023 - 12:30

Уапсен 47 годишник од Чегране кој „оперирал“ низ куќи во Гостивар

На 26.01.2023 околу 13.30 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 47-годишниот З.С. од гостиварско Чегране.

Тој се сомничи дека во текот на овој месец извршил пет кражби во куќи во Гостивар. Лицето било задржано во Полициската станица Гостивар и по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.