Македонија
20. January 2021 - 11:51

Уапсен 25-годишен скопјанец, кај него пронајдена марихуана

Вчера во 22,15 часот на подрачје на Полициска станица Гази Баба, полициски службеници од слобода го лишиле  С.Н.(25) од Скопје, бидејќи кај него е пронајдена марихуана, соопштуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.