Македонија
30. March 2021 - 11:05

Уапсен 24 годишен скопјанец кај кој полицијата пронашла марихуана

Вчера околу 22.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Ѓорче Петров го лишиле од слобода Ј.А.Ј.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, информираат од МВР.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.