Македонија
29. January 2021 - 11:38

Уапсен 22 годишник поради поседување на хероин

На 28.01.2021 околу 20.00 часот на ул.„Балиндолска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Ф.Н.(22) од Гостивар, затоа што при преглед кај него бил пронајден хероин. По целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.