Македонија
18. December 2020 - 10:22

Уапсен 21-годишник од Крива Паланка, ограбил куќа во Скопје

На 17.12.2020, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода Н.В.(21) од Крива Паланка, поради сомнение дека на 01.11.2020 извршил тешка кражба во куќа во населба Илинден – Скопје. 

Н.В. бил приведен во полициска станица, со него  бил извршен разговор и, во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.