Македонија
25. јуни 2020 - 10:40

Уапсен 21-годишен скопјанец, при преглед кај него била пронајдена марихуана

Синоќа во 22,15 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.“Веле Марков“, го лишиле од слобода С.К.(21) од Скопје затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.