Македонија
4. March 2021 - 12:02

Уапсен 17-годишник од Скопје - Во неговиот дом полицијата пронашла марихуана

Вчера во с.Матка, скопско, полициски службеници  од СВР Скопје извршиле претрес во домот каде живее 17-годишно лице, при што пронашле две ваги со остатоци од марихуана и марихуана, соопштуваат од МВР.

Малолетникот бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.