Македонија
19. February 2021 - 16:47

Уапсен 17 годишник кој се обидел физички да го нападне својот татко

На 18.02.2021 во 02.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Чаир лишиле од слобода 17-годишен малолетник од Скопје, затоа што се обидел физички да го нападне неговиот 46–годишен татко, а при обид да го спречи нападот со повреди се здобил неговиот 18-годишен брат.

Малолетникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.