Македонија
5. November 2020 - 12:25

Уапсен 15-годишен крадец од Скопје, расчистени две кривични дела

На 04.11.2020 полициски службеници од ЕВР Чаир при СВР Скопје лишиле од слобода 15-годишник од Скопје, поради сомнение за сторени кривични дела „тешка кражба“ и „тешка кражба во обид“. Со него бил извршен разговор, при што ги признал делата „тешка кражба “ во продажен објект на 13.08.2020 и „тешка кражба во обид “ во аптека, исто така, на 13.08.2020. По целосно документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.