Фудбал
16. јуни 2017 - 8:41

У_21: Стартува ЕУРО 2017, Македонија дел од шампионатот

Со двата натпревара што се играат денеска од А групата стартува Европското првенство во фудбал за играчи до 21 година. За првпат на едно фудбалско натпреварување на завршницата ќе настапи и Македонија. 

Нашата селекција е во групата Б заедно репрезентациите на Шпанија, Србија и Португалија.
 
Во групата А денеска се играат дуелите: Шведска - Англија (почеток 18 часот) и Полска - Словачка (20:45 часот).
Дуелите од групата Б од првото коло се играат утре: Португалија - Србија (почеток 18 часот) и Шпанија - Македонија (почеток 20:45 часот).
Во Ц групата во првата рунда играат: Германија - Чешка (почеток 18 часот) и Данска - Италија (почеток 20:45 часот).
 
Пласман во следната фаза (полуфинале) ќе обезбедат првопласираните селекции од групите и најдобрата второпласирана селекција.
Финалето се игра на 30.јуни (петок) во Краков.